Адам и Евелин

Адам и Евелин

Роман од Инго Шулце (2010)

Превод од германски: Елизабета Линднер

Едиција с.р., книга 08

Доцно лето 1989 година, одмор на Балатон – одненадеж Унгарија ја отвора границата, а забранетиот Запад со сите свои примамливости е на дофат. Во оваа ситуација Инго Шулце го открива митот за Адам и Ева. Од него настанува една голема трагикомедија за Забраната и Спознанието и за потрагата по вистинскиот рај.
Извадоци од рецензии:
Дејството на овој роман Шулце го обликува преку брзо проследување на сцените и повеќе промени на местото, а пред сè ги остава своите ликови да зборуваат, зборуваат и повторно да зборуваат. […] Иднината е веќе започната на крајот од овој роман, во кој е сместено многу повеќе отколку што, заради неговиот лесен начин на раскажување се мисли на прв поглед.“ Gerrit Bartels, Der Tagesspiegel
„Еден чудесно читлив и истовремено литературно комплексен роман за повторното соединување на Германија.“ „[…] Двојката од насловот на оваа книга, Адам и Евелин, цитира прамитски ликови, а Шулце повторно не сака да достави пребрз одговор за тоа дали неговите протагонисти дејствуваат правилно или погрешно, туку се обидува литературно да го опфати искуството од нивната обемна недогледна несигурност и да го конзервира за читателот.“ Uwe Wittstock, Die Welt „Адам и Евелин е беспрекорен роман. […] И покрај тоа што оваа извонредно питко раскажана приказна ќе се прочита набрзина, таа разотвора изобилство од теми и мотиви.“ Ijoma Mangold, Süddeutsche Zeitung
„Адам и Евелин е една виртуозна игра со цитати, една трагикомедија за Истокот и Западот, за рајот и гревот.“ „Инго Шулце […] изнаоѓа дијалози чие стакато, опфаќајќи и по неколку страници, многу подобро ја разоткрива суптилната психологија на времето отколку што тоа би можело да го стори кое било наративно раскажување.“ Paul Jandl, Neue Zürcher Zeitung

Цена: 400 ден.

Купи

ISBN 978-9989-59-327-7, 14×20 см., 275 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
АвторИнго Шулце
2018-12-21T10:47:13+00:00 декември 6th, 2012|Categories: Проза, Современ роман, Книги|