Ликови од меѓувреме

////Ликови од меѓувреме

Ликови од меѓувреме

Три филмски сценарија од Томислав Османли (2008)

Едиција Ернест, книга 04

Во својата нова книга, Томислав Османли, еден од нашите најнаградувани сценаристи, составува три свои посебно бележити творби: сценариото за долгометражниот игран филм „Ангели на отпад“ (реализирано 1995 година), сценариото за телевизискиот филм „Стрмоглави“ (реализирано 2006 година) и монтажното сценарио за играно-документарниот и експериментален филм „По повод Манаки“ чија реализација заврши во 2007 година. Станува збор за три исклучителни сценаристички текста, од кои два ја проблематизираат положбата на човекот во транзицијата: во првото сценарио се исплетува една сугестивна, горчлива приказна за луѓето од големата циркуска претстава на пост-комунизмот, додека во второто се зборува за човечките вредности што се обидуваат да останат непотклекнати под ударот на транзиционата меркантилност и криминализација. Третото сценарио е резултатен обид да се создаде една играно-документарна филмска иронија посветена на балканскиот менталитет, остварен со реанимација на снимките од документаристичкото творештво на браќата Манаки. Во своите сценаристички творби Томислав Османли, точно според насловот на книгата, дава цели галерии впечатливи ликови, карактери и човечки судбини откривани во драматичните, македонски историски меѓу-времиња. И. Исаковски

Цена: 250 ден.

Купи

ISBN 978-9989-928-75-8, 12х17 см., 251 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка, фотографии
АвторТомислав Османли
2018-12-06T11:10:53+00:00 декември 4th, 2012|Categories: Проза, Книги, Избрана проза|