За што зборуваме

////За што зборуваме

За што зборуваме

Антологија на словенечка куса проза 1990-2004.

Уредил Митја Чандер (2008)

Превод од словенечки: Намита Субиото и др.

 Едиција Ернест, кн 05

[…] Од прозаистите кои се обидувам да ги соберам под заеднички покрив, секој одделно го артикулира својот уметнички одговор. Оваа книга е преглед на нивната куса проза од периодот по осамостојувањето на Република Словенија. Овој избор е сепак и генерациска книга. Во неа се вклучени автори родени околу 1960 година и подоцна. Помеѓу нив ги одбрав само оние коишто можат да се препознаат во неореалистичкиот контекст. Помладите автори најизразито ја развија оваа тенденција, затоа се решив за комбинација на генерацискиот и стилскиот аспект. Сметам дека тоа е почесно отколку обидот да се конструира некој стилски феномен со помош на класиците, ползувајќи ги за некаков алиби. Комбинацијата на генерацискиот и стилскиот аспект, нивната тесна испреплетеност, ја овозможува и доволно конкретната појдовна точка на антологијата. Имено, се чини дека феноменот, и покрај поранешната плуралност на младата проза, навистина никна дури по 1990 година, и тоа не како нејзиното логично туку повеќе како полемичко продолжување, оти на неореализмот му се приближија само некои истакнати претставници на младата проза. А на поинаков начин од младите прозаисти, на феноменот помасовно му се приближија нови автори и авторки коишто првите книги ги објавија дури во деведесеттите години на минатиот век и подоцна. Антологијава е, значи, генерациско-стилски конструкт што се темели врз сосема определена историска заднина. И за што – ако се прашаме авто-иронично – зборуваат писателите и писателките во оваа книга? Нека биде ова кусо претставување на нивните писма – и пред сè на некакви раскази-модели – предизвик за читање и размислување. Оваа проза е можеби лаконска, но никако наивна.  Митја Чандер Од поговорот кон антологијата „За што зборуваме: словенечка куса проза, 1990-2004“

Цена: 590 ден.

Купи

ISBN 978-9989-928-79-6, 14х20 см., 335 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Поговор на Митја Чандер
АвторМитја Чандер
2018-12-06T10:43:45+00:00 декември 5th, 2012|Categories: Проза, Книги, Избрана проза|