Чоколада во портфолио

////Чоколада во портфолио

Чоколада во портфолио

Поезија од Звонко Танески (2010)

Едиција Бореа, книга 24

Танески, којшто веќе го укотви својот препознатлив темперамент и оригинален дух во поновите текови на македонската поезија, овој пат се претставува со еден освежен „номадизиран“ дискурс, произлезен од самите форми на егзистенцијалната, но и на духовната „преселничка“ иницијација, низ која поминува самиот поет последниве неколку години. За поетот-номад светот е едно големо, достапно и препознатливо „семиотичко искуство“. Современиот свет постои и се восприема низ конкретнава поетска призма како калорично, отворено, набрекнато и сложено писмо. Наместо да се лизнува во безгрижниот ескапизам на краткотрајната утеха и сетилното задоволство, поезијата на Танески попрво се впушта во тематизација и разоткривање на внатрешниот раскол, на интимната борба што се води меѓу лирското јас со неговата уникатност – независна од социјалната оствареност и успех, од една страна и од друга – т.н. социјално јас, кое го претставува слојот на збиднувањата на лирскиот субјект, кои ја определуваат неговата појавна, општествено-оформена реализација. Весна Мојсова-Чепишевска

Цена: 170 ден.

Купи

ISBN 978-9989-59-321-5, 12×17 см., 112 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
АвторЗвонко Танески
2018-12-04T10:49:01+00:00 декември 6th, 2012|Categories: Поезија, Книги, Збирки поезија|