Недеремено око

Недеремено око

Поезија од Стево Симски (2008)

Едиција Бореа, книга 16

Уште на прв поглед интригира насловот на оваа поетска збирка – Недеремено око; името произлегува од еден зографски детаљ во нашите цркви на кој се нуди фреско приказ на Исус Емануел, дете, кое скришно од некој агол на внатрешноста на црквата, а најчесто над влезот во коработ, набљудува со подотворено око, сведочи и суди. Тоа око што никогаш не го фаќа дремка, туку небаре „камера опскура“ е постојано буден бдеач над светот и човекот, во извесна смисла се поклопува и со будното око на поетот кој разлистувајќи го нашето историско и митско минато и преклопувајќи го врз своето лично, семејно битисување низ времето, му дава на тоа „сеприсутно око“ еден силен симболичен набој. З. Анчевски

Цена: 170 ден.

Купи

ISBN 978-9989-928-76-5, 12х17 см., 107 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
  1. Извадок
    PDF извадок од книгата
АвторСтево Симски
2018-12-06T11:07:09+00:00 декември 4th, 2012|Categories: Поезија, Книги, Збирки поезија|