Божица на подивените мачки

////Божица на подивените мачки

Божица на подивените мачки

Поезија од Александра Димитрова (2008)

Фотографија на корицата: Сања Николиќ

Едиција Бореа, книга 14

„Жолт чадор“ Во лирските текстови од оваа збирка не може да не се забележи силниот сензибилитет на жената. Женската природа и нејзината интуиција, како и спонтаната исповедност ја наоѓаат својата најуверлива изразност зад вратите на реалното. Лирскиот субјект честопати ги понесува своите сензации и доживувања во димензиите на фантазијата, на сонот, на трансот, барајќи ја во омаеноста можноста за среќа. Љубовната лирика во оваа стихозбирка е сетилно обликувана, бидејќи чувството не е претставено само како метафизички копнеж. Тоа е блиц сеќавање кое се прима со посредство на сите сетила. Еднаш доживеаното чувство се излева во збор, чин во кој подеднакво учествува секоја пора на лирскиот субјект, иако вибрацијата е примарно церебрална. Оттука, во една песна може да се пронајде чудесен мозаик од бои, мириси, констатации, а песната лесно преминува во секундарно реално доживување на лирскиот субјект, честопати прескокнувајќи во сферите на еротската виртуелност. Еротиката е миг на сеќавање, ментално преживување на некогаш слученото. Несекојдневна, но провокативна, поезијата на Димитрова мора и смее да се доживее само како уметност, која по дефиниција е фикција. Секако дека рабовите на поетскиот опус и животот на авторот се допираат, но факт е дека овие две нешта се омеѓени. И. Антески

Цена: 170 ден.

Купи

ISBN 978-9989-928-72-7, 12х17 см., 73 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
  • Фотографија на корицата: Сања Николиќ
АвторАлександра Димитрова
2018-12-06T11:21:16+00:00 декември 4th, 2012|Categories: Поезија, Книги, Збирки поезија|