Семејството во Европа, XVI-XXI век

////Семејството во Европа, XVI-XXI век

Семејството во Европа, XVI-XXI век

Социолошко-антрополошка студија од д-р Дејан Мицковиќ (2008)

Едиција Индра, книга 02

Семејството во Европа, XVI-XXI век, е анализа на развојот на семејството во европските земји во последниве пет векови. Авторот се задржува на прашањето: дали постои еден универзален, природен модел на семејство кој најдобро одговара на потребите на брачните другари, децата и општеството. Д-р Дејан Мицковиќ дава преглед на најзначајните аспекти на брачниот и на семејниот живот во европските земји, како што се: структурата и функциите на семејството, односот на семејството со локалната заедница, улогата и значењето на бракот во општеството, склучувањето на брак и односите помеѓу брачните другари, односите помеѓу родителите и децата, влијанието на религијата врз семејството, и правното регулирање на брачните и на семејните односи. Посебно внимание им се посветува на брзите трансформации на семејството во современото општество, изразени преку зголемувањето на бројот на разводи, намалувањето на бројот на склучените бракови, драматичното намалување на стапката на наталитетот, зголемувањето на бројот на вонбрачни заедници и на процентот на деца родени надвор од брак и зголемувањето на бројот на монородителски и рекомпонирани семејства.

Цена: 1400 ден.

Купи

ISBN 9778-9989-928-83-3, 16×23 см., 320 страници
корица: мат пластифицирана

АвторДејан Мицковиќ
2018-12-06T09:10:26+00:00 декември 5th, 2012|Categories: Индра, Книги, Есеи|