Глокализација

////Глокализација

Глокализација

Електронски медиуми во Југоисточна Европа, уредил Холгер Бриел (2009)

(Книгата е отпечатена на англиски.)

Едиција Индра, книга 04

Оваа книга е скапоцен водич низ промените кои произлегуваат од неодамнешните медиумски револуции во географската област која се протега од Источна Европа до Турција и понатаму. По трите теориски текстови за идејата за Европа, пост-марксизмот и новото виртуелно општество, следните есеи се одделни студии на поврзани теми. Така, се обработува улогата на политичкото рекламирање во северна Грција, односите помеѓу медиумите и дијаспората, иднината на јавниот радиодифузен сервис во Македонија, феноменот на блогирањето, сопственоста врз медиумите во Централна Европа и проблемите на новинарската слобода во Турција. За првпат, оваа книга ги поврзува овие теми географски, при што создава мрежа во која се пресликуваат општествените и медиумските промени во секоја земја. Ова е задолжително четиво за студентите и практикантите по новинарство, за културолошките и медиумските студии, како и за секој кој сака да дознае повеќе за посредуваната геополитика во овој дел од Европа и граничните региони.

Цена: 350 ден.

Купи

ISBN 978-9989-928-96-3, 15×21 см., 160 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Белешки за авторите
АвторБриел Холгер
2018-12-05T11:35:05+00:00 декември 6th, 2012|Categories: Индра, Книги, Есеи|