Скакулци и други драми

///Скакулци и други драми

Скакулци и други драми

Избрани драми од Биљана Србљановиќ (2012)

Избрала, превела од српски и приредила Јелена Лужина.

Едиција Гестус, книга 02

Макар што само една од петте драми што овде ги претставуваме и формално е насловена како „Семејни приказни“, и останатите четири се семејни по својот жанр. И по своите сижеа. Нивните мрачни, многупати морбидни и само на мигови емотивни или трогателни заплети/расплети како да се реферираат на прочуеното мото со кое започнува романот „Ана Каренина“: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на својот сопствен начин. А семејствата во сите драми на Биљана Србљановиќ се – длабоко несреќни. Толку длабоко што сериозно го наметнуваат неизбежното прашање: постојат ли, воопшто, некои штогоде среќни семејни контексти? Или самиот традиционален/патријархален модел, според кој тие сè уште функционираат (дали само кај нас, во нашиот „југоисточноевропски“ свет?), всушност и не може да се оствари без перманентно да провоцира страшен број длабоки човечки фрустрации? (Од предговорот на Јелена Лужина)

Цена: 600 ден.

Купи

ISBN 978-9989-59-380-2, 14×20 см., 425 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Предговор од приредувачката
  • Белешка за авторката
АвторБиљана Србљанобиќ
2021-03-24T22:56:11+00:00 декември 25th, 2012|Categories: Книги, Драмски текстови|