Купидона и други драми

///Купидона и други драми

Купидона и други драми

Собрани драми од Срѓан Јаниќијевиќ (2014)

Приредила Јелена Лужина

Едиција Гестус, книга 03

Кажано сосема поедноставено: драмата е дејство што сега – токму сега, додека ние гледаме! – интензивно го извршуваат неговите ликови. Кои, за да дејствуваат, мора и да се движат, и да зборуваат, и да размислуваат поинаку од „хартиените“ прозни субјекти. За да ги направи такви, да ги задоволи овие важни предуслови, драмскиот автор мора успешно да ги совлада трите клучни занаетчиски вештини: поинаку да го обмисли/структурира самото дејство, прецизно да ги дефинира ликовите што тоа дејство ќе го „одработат“ и – можеби најважно – на тие ликови да им ги напише конзистентните и ефикасни реплики кои навистина ќе бидат драмски/дејствени а не литературни/раскажувачки. Јаниќиевиќ се вбројува во она драгоцено малцинство македонски драматичари кои сите три вештини ги владеат беспрекорно. Таквите обично ги нарекувам „драматичари со тешка рака“. Само таквите умеат а) да мислат бргу, б) во лет да смислуваат акции (дејства) што ќе бидат очудени, изводливи и функционални дури и тогаш кога ќе мораат да се редуцираат само на неколкуте најбитни мигови, в) прецизно да ги профилираат ликовите кои ќе бидат лесно препознатливи, впечатливи и дејствено ефикасни, г) на тие ликови да им „обезбедат“ директни и јасни реплики, артикулирани во кратки и брзи реченици и д) сето ова да го „потурат“ со важни и точно дозирани количества хумор, иронија, тага, радост, критичност, цинизам, откаченост, мудрост, лудост…

Читајте ги овие пет драми на Срѓан Јаниќиевиќ и барајте го во нив барем нешто од сево ова.

Вреди!

(од предговорот на приредувачот проф. д-р. Јелена Лужина)

Цена: 350 ден.

Купи

ISBN 978-9989-59-592-9, 14×20 см., 248 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Предговор од приредувачката
  • Белешка за авторот
АвторСрѓан Јаниќијевиќ
2018-12-21T10:45:08+00:00 мај 31st, 2014|Categories: Книги, Драмски текстови|