Дора Мар и Минотаурот

////Дора Мар и Минотаурот

Дора Мар и Минотаурот

Дора Мар и Минотаурот од Славенка Дракулиќ (2019)

Превод од хрватски: Калина Буневска Исаковска.

Едиција с.р.

Пабло Пикасо, најголемиот сликар на дваесеттото столетие, и Дора Мар, неговата муза, фотографка, уметничка, жена на плажа и жена која плаче – каков бил нивниот љубовен однос во бурните години од предвечерието на Втората светска војна до нејзиниот крај, во најважниот сликарски период на славниот уметник?

Во романот Дора и Минотаур: Мојот живот со Пикасо Славенка Дракулиќ, врз основа на пронајдениот дневник на Дора, го реконструира нејзиниот живот, нејзиното страдање и радост, живот во кој таа била важен дел од парискиот надреалистички уметнички круг. Пол Елијар, Жак Лакан, Жорж Батај и многу други сликари, поети и филозофи со кои Дора Мар била пријателка се дел од овој фасцинантен запис кој ја разоткрива нејзината интима и зависност од Пабло Пикасо, кој во сешто, од скината жица па до своите жени и љубовници, гледал само материјал за творење.

Дора и Минотаур е величествен портрет на жена која има доживеано слом делејќи го животот и своите идеали со страсниот гениј, роман што ниеден читател, а посебно читателка нема да ја остави рамнодушна продирајќи длабоко во психата на најголемите уметници, што нè допираат како животни сопатници.

Цена: 400 ден.

Купи
ISBN 978-9989-59-686-5, 207 страници
АвторСлавенка Дракулиќ
ПреводКалина Б. Исаковска
2021-03-24T23:01:14+00:00 декември 12th, 2019|Categories: Проза, Современ роман, Книги|