Сотир Голабовски

/, Звук, Блесок бр. 12/Сотир Голабовски

Сотир Голабовски

Музиколог и композитор

#1 Роден е 1937 во Струга, Македонија

Образование:
1961 Дипломирал на оделот за композиција (Уметнички униврзитет во Љубљана, Словенија),
Дипломирал на факултетот за Социологија и Филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје)
Магистрирал композиција на Уметничкиот универзитет во Љубљана, Словенија)
1985 Докторирал Палеографија на Универзитеот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје)

Палеографија:
Дешифрација и хармонизација:
Дионис Поповски: „Господи возвах“, прво пеење; Калистрат Зографски: „Достојно ест“, прво пеење; Јован Хармосин Охридски: „Достојно ест“, петто пеење; Калистрат Зографски : „Оца и сина“, петто пеење; Василиј Младенов: „Со свјатиму упокој“, осмо пеење; Илија Хаџи-Димов: „Оца и сина“, осмо пеење; Јован Кукузел: „Владику и свјашчено началника нашего“ осмо пеење, 14 век; Анонимус: „Химна за Св. Кирил и Методиј“, 19 век; Анонимус: „В’сија благолепние воздржание“, девето пеење, 19 век; Св. Климент Охридски: „Страданија спасителни“, девето пеење; Анонимус: прво пеење, 19 век; Калистрат Зографски: „Достојно ест“, второ пеење, 19 век; Калистрат Зографски: „Достојно ест“, петто пеење; Калистрат Зографски: „Достојно ест“, седмо пеење, 19 век; Хармосин Охридски: „Достојно ест“, петто пеење, 19 век.

Музикологија:
Повеќе од 40 есеи

Книги:
Традиционална и Експериментална Македонска Музика, Македонски зборник, Скопје 1984
Македонско Црковно пеење – ОКТОИХ 1 , Скопје 1992 Македонско Црковно пењње ОКТОИХ 2, Скопје 1995

Композиции:
Повеќе од 70 композиции, претежно камерна и оркестарска музика

Оркестарска музика:
Симфонија бр.1 (1969), Интроспекција (1960), Три варијации на фолклорна тема за камерен оркестар (1961), Дивертименто за оркестар (1961), Анданте за оркестар (1962), „Кроки“– за флејта и оркестар (1963), Ексцентрични структури – за камерен оркестар (1969), Микропоростори – за камерен оркесар (1970), Space 1– за камерен оркестар (1971), „Панче Пешев“ (1972), Space 2 (1972), Space 3 (1973), Space 4 (1974), Концерт за обоа и гудачки оркестар (1976), Space 5 (1976), Space 6 (1977), Структура 9 – за камерен оркестар (1977), Концерт за виолончело и оркестар (1979), Караорман – увертира за симфониски оркестар (1981), Адаѓо за хорна и гудачки оркестар (1981), Концерт за пијано и гудачки оркестар (1987)

Камерна музика:
Три Багатели за хорна и пијано (1959), Импресија за виолина и пијано (1964), Полином бр.1 за гудачки квартет (1964), Структура 5 за гудачки квартет (1971), Структура 6 за пијано трио (1975), Адаѓо за контрабас и пијано (1975), Полином 10 за хорна и пијано (1975), Структура 7 за пијано трио (1976), Стуктура 8 за виолина, контрабас и пијано (1976), Свита за виолина и пијано (1980), Свита бр.2 за виолина и пијано (1980)

Вокално – инструментална:
Словенско Ехо – кантата за солоисти, хор и оркестар (1975), Пролетна песна за глас и оркестар (1970), Приказна за штурецот и мравката – детска опера (1982)

Хорска музика:
„Мелодија“ бр.1 – за мешан хор (1969), Зарамнети брегови – за женски хор (1969), Ракатка бр.1 – мешан хор (1976), Ракатка бр.2 – за мешан хор (1981), Епос 1 – за детски хор (1983)

Глас и пијано:
Крај езеро (1962), Ноќ на осаменици (1869), Две грешки (1982), Месец на очистување (1985)

Музика за деца:
За камерен оркестар: Зимска ноќ (1960), Утро (1960), Зајакот (1960), Лизгање (1960)

Соло инструменти:
Сонатина за пијано (1959), Арабеска за пијано (1959), Лирска пиеса за пијано (1961), Македонски танец за пијано (1963), Иновација за соло флејта (1963)

Голабовски работи како професор Факултетот за музичка уметност во Скопје на одделот за музичка теорија и композиција. Член е на Македонската академија на науките и уметностите.

Текстот е превземен од ММЦ

2018-08-21T17:22:07+00:00 јануари 1st, 2000|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 12|