СОНУВАЧОТ-БОКСЕР
По долго, долго време, го сети студот на лицето. Високо во планините, опкружен со дрвја и шумски ѕверки, годишните времиња ти се вратија. Колкупати си заминал? Колкупати си се гледал себеси кај што велиш збогум? Кога конечно си отиде, ништо не е како што мислеше дека ќе биде. Ајде, признај, себеси и на сите други. Искреноста понекогаш се исплаќа.
Признај и ќе ти раскажам една приказна за Калахан и за неговите први снимки, кога се нарекуваше себеси Смог, и како ги доживеав во повоените урнатини на поделениот град. Град без мост, град со мост, а сепак ништо не се менува. Музиката останува. Експериментите на Калахан беа носач на звук на потрагата по младоста. Неговиот глас го смируваше лудилото. Ќе го споменам и денешниов Бил, врвен музичар и фантастичен тип, не заслужува ништо помалку.
http://youtu.be/nwduqHbBAN8