Хоризонт-а

Хоризонт-а

(Мала галерија, 23.04.-25.05.2009)

#1 Хоризонт-а е полу-локација која се дефинира како бинарен комплемент, како количник на мислечкиот објект и просторниот (кон)текст. Наедно, оваа полу-локација може да се дефинира како пластика на една временска променлива којашто е израз на елементарните (примитивни) виденија – на оние кои, напати, дури и го попречуваат гледачот да навлезе во интуитивниот дискурс на препознавањето. Хоризонт-а е израз на повеќенаменското разбирање на односот помеѓу ракотвореноста и физичките дадености на дво- или тро-димензионалната „стварност“. Објектот кој е предложен како (не)препознатлива платформа, игра двојна улога: најнапред како „амбиција“ завиткана со или обвиткана околу сопственото јадро, а потоа и како „напуштање“ отворено за повеќестрано (дополнително) сместување … без граници во конечноста.

#2 Бинарниот комплемент е една просторна животна подлога којашто е трајно обележана со динамичка исуфициенција … неподатлива за делење без остаток.

АвторГоце Наневски
2018-08-21T17:21:07+00:00 април 29th, 2009|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 65|