Необјавена скулптура, Самоилови војници, мермер, исклесана од уметникот Драган Попоски-Дада за Скулпторска колонија организирана од раководството на фабриката Металски Завод Тито во 1982 година и презентирана на изложбата на 09.06.1982 во паркот на скулптури во кругот на МЗТ.

“Живееме во време на промени, но уметноста е како космосот со сопствени законитости кои, сепак, ги издржуваат стресовите”. Петар Хаџи Бошков, Вечер 23 и 24 април 1994 год.
Споменик чешма, исклесана во мермер од уметникот Петар Хаџи Бошков, во 1976 година, поставен на 8-ми Март 1977, во паркот Жена Борец, во центарот на градот. Посветена е на народната хероина и најмладата партизанка учесник во НОВ од 1941 год., Невена Георгиева-Дуња.
