Skopje secret spots – истражувачки проект

/, Галерија, Блесок бр. 138 - 139/Skopje secret spots – истражувачки проект

Skopje secret spots – истражувачки проект

Муралот “Фреска за НОБ II” од 1976, насликана во фреско буоно техника, со димензии 370х800 cm, од уметникот Борко Лазески, првиот апстрактен сликар и голем монументалист, учесник во НОВ и еден од основачите на авангардната група “Денес” во 1953 год. Локација: влезниот партер во зградата (влез во Централен регистер) на Народна банка на Р.М, изградена по проект на Олга Папеш и Радомир Лаловиќ во период помеѓу 1971-1975 год.

“Со ослободувањето сѐ се измени-сѐ стана наше. И ѕидот.
Веќе во 1950, за годишната изложба на ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници на Македонија) ја направив портабл-фреската “Илинден 1903″. Така сѐ почна. Со деталите по биографијата, со политичката определба, со желбата да се создава уметност достапна за секого, а против штафелајното сликарство, со порака за генерациите за едно големо време.” Борко Лазески, Нова Македонија, Недела 18 февруари 1979 год. Стр.11


Флора и фауна/Бик, мозаик, 1970/71 година изработен од уметникот Петар Мазев во салата за состаноци во Кабинет на директорот на Стопанска банка. Локација: Зградата на Стопанска банка на влезот во Градски трговски центар, Скопје.

“Кога се раскажува е поинаку. Кога се слика сето тоа се случува несвесно, се заедно излегува, се меша и живее свој живот. Сликата е збир на времиња од кога сум се родил до овој миг, мислејќи патем и на она утре. Сликата се носи низ сите времиња”. Петар Мазев, 1989/90, Интервју со Соња Абаџиева.


“СЛИКАТА не се прави, туку создава”, Петар Лубарда, 1966.
Раѓање на езерото, композиција од познатиот уметник Петар Лубарда, (изработена во лак техника), 1971 година, лоцирана во Дом на АРМ. Оваа “скопска гигантеска” со своите 81 м2 е едно од највпечатливите дела на уметникот, како што изјавил “Тоа ќе биде мое најсилно ликовно дело” (Нова Македонија ,1971). За создавањето на оваа композиција има многу нешта и многу причини. Една од нив е што во Македонија се наоѓаат стари езера, најстари во Европа, настанати во тектонските поместувања на земјината кора во изминатите геолошки епохи, пред милион години. А преку тоа се содржани и многу, многу други нешта: самиот судир, воопшто раѓањето како такво, односно создавањето процесот кој во природата е логичен(1971). Лубарда исто така додава дека денешните градови имаат големи димензии и ако не ги оплеменуваме со уметност тие може да станат пусти.

АвторБлагоја Варошанец
2021-12-09T22:28:51+00:00 август 15th, 2021|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 138 - 139|