кон изложбата на Димитар Пандилов

/, Галерија, Блесок бр. 10-11/кон изложбата на Димитар Пандилов

кон изложбата на Димитар Пандилов

Викторија Васева Димеска
Цветан Грозданов
Елена Мацан Чукиќ
Борис Петковски
Соња Абаџиева – Димитрова
Самостојни изложби

Димитар Пандилов или Сублимација на бојата

#11 Бидејќи структурата на сликите кај Пандилов е градена врз хроматските начела (најчесто), тие постепено се изборуваат за супериорна позиција во делото. Гестот, формата, перспективата и композицијата стануваат колоризам. Со неговата глорификација се бришат големите илузии во сликарството пред импресионизмот (линијата, перспективата и ентериерското осветлување). Кога Пандилов почна да ја применува оваа пракса, импресионизмот за да ги нагласи вредностите на бојата како врвна категорија, Пандилов станува најголем колорист во основоположничката генерација на македонската Модерна. Тука треба да се бараат неговите најголеми заслуги во нашето сликарство.
#12 Пандилов го открива вистинското значење на бојата веднаш по завршувањето на Академијата („Покрај вода“, 1925). Меѓутоа, она што интуицијата го соопштува, во практиката се утврдува при неговиот директен контакт со француските импресионисти во Париз. Неговите дела излагани на првата самостојна изложба во Скопје во 1927 година, си уште, ги следат моделите на пленеризмот и академскиот реализам. Хајредин (Бугарија) е просторот на кој се развива неговата теорија за етимологијата на колоризмот како феноменолошка доминанта. Сликите на жетварите и селаните на нива се соодветен медиум за експанзија на трите примарни бои и нивните деривати. Топлите нијанси на жолтата и обилното користење на белата, како доминантни, ги контрастира со лазурносиното и пролетнозеленото. Во овие хроматски комбинации палетата станува светла и проѕирна, а изразот лапидарен. Низ нивните модификации се открива/валоризира светлината „како елементарен закон на животот“.
Како и Моне, и тој доаѓа до сознанието дека променливите светлосни ефекти имаат моќ органски да ги обединат фигурата и пејзажот: сликата се претвора во извор на светлина, „бојата останува основна ликовна тема“.

Димитар Аврамовски Пандилов, монографија, МСУ, Скопје, 1984.

Авторповеќе автори
2018-08-21T17:22:08+00:00 октомври 1st, 1999|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 10-11|