кон изложбата на Димитар Пандилов

/, Галерија, Блесок бр. 10-11/кон изложбата на Димитар Пандилов

кон изложбата на Димитар Пандилов

Викторија Васева Димеска
Цветан Грозданов
Елена Мацан Чукиќ
Борис Петковски
Соња Абаџиева – Димитрова
Самостојни изложби

#9 Димитар Пандилов Аврамовски ја заврши Академијата за ликовна уметност во Софија (1924), каде што го прифати академскиот реализам на своите учители Петар Клисурски и Стефан Иванов, а особено влијание изврши врз него и познатиот бугарски акварелист Никола Маринов. Делата создадени во текот на школувањето и веднаш потоа го покажуваат развојот на Пандилов, со тоа што во некои од нив веќе се насеќава оддалечување од академскиот реализам. На неговата самостојна изложба во Ќуприја (1926) и Скопје (1927) се воочуваат и моменти на послободен третман, своевиден „протоимпресионизам“. Мотивите се оние што Пандилов ќе ги задржи постојано во своето творештво: портрети на „малите луѓе“, акт, жанр-сцени, пејзажи итн. („Студија“ 1922, „Мојот чичко зографот Крсте“, 1925, „Жетварки“, 1926). Престојот во Монпелје и Париз за Пандилов беше мошне значаен. Преку преземање на извесни искуства од делата на реалистите Т. Русо, Миле, а особено на импресионистите Моне и Писаро, #10Пандилов конечно се определи за своја варијанта на лирски, интимен, „народски“ импресионизам: неа тој ќе ја развие особено во Бугарија (1929-1943). Надминат е академскиот реализам, се нагласува послободен скицозен третман во предавањето на фигурите и ликовите, во градењето на пејзажот. Сепак, основната ликовна логика на Пандилов останува поврзана и со некои елементи на реализмот. Колоритот сега е посветол, најчесто изведен со ненаметливи нијанси што се движат меѓу темноцрвеното, окерот, градации на портокаловата и бојата на „старо злато“ итн. Се чувствува влијанието на неговите акварели, техника што Пандилов ја користи напоредно со маслото („Покрај вода“, „Жетварки“ 1933, „Вршидба“ 1936, „Одмор на нива“ 1937 итн.).

„Современо македонско сликарство“, Македонска ревија, Скопје 1981.

Авторповеќе автори
2018-08-21T17:22:08+00:00 октомври 1st, 1999|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 10-11|