кон изложбата на Димитар Пандилов

/, Галерија, Блесок бр. 10-11/кон изложбата на Димитар Пандилов

кон изложбата на Димитар Пандилов

Викторија Васева Димеска
Цветан Грозданов
Елена Мацан Чукиќ
Борис Петковски
Соња Абаџиева – Димитрова
Самостојни изложби

#7 … Далеку од секакви вреви и расправии за она што е современо и модерно, тој сликаше така како што чувствуваше. Во времето на социјалистичкиот реализам остана ист како што беше и потоа. Мнозина му префрлаа што не се зафати со послободно сликање, му предлагаа да се оддалечи од реализмот, од импресионистичката палета. Тој само се насмевнуваше, не се лутеше и продолжуваше да слика онака како што инспирацијата ја водеше неговата рака.
#8 … Димитар Пандилов, академски сликар од првата генерација, е сликар на човекот, на земјата и небото, а неговото сликарство му е посветено единствено на македонскиот човек и на македонската земја. Така како што знаеше, како што се формираше, ги сликаше Димитар Пандилов малите радости, маките, работата, чувствата на своите луѓе. Тивко и скромно како што живееше, остави нескромна, голема нишка од своите дела. За четириесет години плодна дејност остави стотици слики, акварели, цртежи. Неговото творештво е голем придонес во осовременувањето на македонското сликарство и неговото име се бележи како прво и почетно во историјата на модерното македонско сликарство на XX век.

Димитар Аврамовски Пандилов, Комеморативна изложба,
Уметничка галерија Скопје, јули-август 1966.

Авторповеќе автори
2018-08-21T17:22:08+00:00 октомври 1st, 1999|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 10-11|