Три песни за Игор

Три песни за Игор

РАБОТЕН СТОЛ
ПРИСЕТУВАЊЕ НА ИГОР ИСАКОВСКИ
НЕ ТИ ГО НАЈДОВ ГРОБОТ


ПРИСЕТУВАЊЕ НА
ИГОР ИСАКОВСКИ

Спомените ми се навратија

додека варев јајца.

Се сетив дека ги сакаше ровити.

Обожаваше добар телешки џигер.

Избегнуваше да пие ракија, велеше

дека татко му починал од брља (на 46),

а Игор си замина на 44.

Убав човек, го гледам како си ја грицка

долгата црна коса.

Сите бои му прилегаа, но црната му беше

омилена, особено црните кожени јакни.

На промоцијата на книгата „Пепелашка

во хромиран ковчег“, Звонко Карановиќ

носеше црна маица со апликација од

корицата на „Еби Роуд“, на Битлси,

(онаа кога преминуваат на пешачки премин).

Му рече: зошто не му ја подариш на Јовица,

фан е на Битлси?

Звонко ја соблече маицата и ми ја подари.

Ја носам до ден-денес и секогаш кога

ќе ја облечам, на неа, на пешачкиот

премин над моето срце,

преминува и Игор.

 

11.04.2025, 19:15

АвторЈовица Ивановски
2025-10-18T22:19:38+00:00 октомври 15th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок изданија, Блесок бр. 157|