Поезија: Светлана Калезиќ-Радоњиќ

/, Литература, Блесок бр. 159/Поезија: Светлана Калезиќ-Радоњиќ

Поезија: Светлана Калезиќ-Радоњиќ

МАЛ ПОГРЕБ НА ГЛАВАТА ТАЈНАТА И МЕЛАНХОЛИЈАТА НА УЛИЦАТА ТАА ПИШУВА АRS POETICA РАЃАЊЕ ВУЛВЕРИН INFERNO ПОВИК НА ДИВИНАТА НАЦИОНАЛНИ АНТОЛОГИИ ЛЕТУВАЊЕ МЕЃУ СПЕКУЛУМОТ И ЦЕРВИКСОТ


ПОВИК НА ДИВИНАТА

Кога ќе се огласи повикот за дома
расфрлени како пердуви од раскината перница
се собираме во кружни вртлози

удирајќи со прстите
по ледена празнина
(во темнина, во темнина)
среќаваме други божици
извалкани од скитање по подземјето
(долго, предолго)

гладните години ги преживеале
цицајќи ги своите исушени гради

во далечините
во далечините се сушат прострените тишини
сами од себе се вплетуваат
скришностите неискажани

во далечините се сушат
свежо измиени мисли

и јас
своите мисли често ги мијам

сепак

кога и да излезам од себе
се враќам со дамка

несигурна како светлото на првиот автомобил
што го најавува почетокот на самракот

единственото што тогаш останува –
враќање внатре

да се соберат загубите, да се надмудри математиката
да се расте и напредува како плоден стомак
на неолитските божици

ни глава
ни раце
само плодно средиште
што себеси повторно се измислува

delete invent delete reinvent

Треба да се држи мал куфер крај вратата.
Да се исчисти куќата и да се тргне.

Баш како кога лавина
примамена од длабочината
ќе исчисти
сè
пред
себе.

Превод од црногорски: Сашо Огненовски

АвторСветлана Калезиќ-Радоњиќ
2026-11-02T20:00:13+00:00 октомври 31st, 2026|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 159|