INFERNO
Одеднаш
како ненадејно нишање на првата глава на Закавказјето
неочекувано
како трага од жолто во тиркизно
не знам ни како ни зошто
ми беше простено
со мало задоцнување
со завивање од мртви стомаци
заискри во мене
си помислив
ако треба
ќе измрморам пелтечави слогови
одбивам да умрам во тишина
не сакам немо менување на пердувите
сега кога останувам гол на стрмнината
на денот по кој не доаѓа друг ден
како во замрсеноста на сенките
да ја препознаам својата
ако не прозборам
како во широките бакнежи на смртта
да го препознаам сопствениот сок
Одбивам да умрам
Нема погребните труби
да се надуваат поради моето отсуство
Одам во Речта
макар и во безумие да запловам
Превод од црногорски: Славе Ѓорѓо Димоски