Поезија: Светлана Калезиќ-Радоњиќ

/, Литература, Блесок бр. 159/Поезија: Светлана Калезиќ-Радоњиќ

Поезија: Светлана Калезиќ-Радоњиќ

МАЛ ПОГРЕБ НА ГЛАВАТА ТАЈНАТА И МЕЛАНХОЛИЈАТА НА УЛИЦАТА ТАА ПИШУВА АRS POETICA РАЃАЊЕ ВУЛВЕРИН INFERNO ПОВИК НА ДИВИНАТА НАЦИОНАЛНИ АНТОЛОГИИ ЛЕТУВАЊЕ МЕЃУ СПЕКУЛУМОТ И ЦЕРВИКСОТ


РАЃАЊЕ

И крвта света во јадрото на твојот вртлог се точи
М. Павловиќ

Почна точно во два часот и десет минути
појури водата од мене Заедно со неа
препечени метафори, бајати метонимии,
блуткави литоти Утробата веќе почнува да се
грчи Полека, па потоа сè побрзо и почесто
во бранови што тргнуваат оддолу нагоре
и завршуваат некаде во точката
на спојувањето на косата и челото Готов е воведот
но има уште Чувствувам дека има уште
Истрошено споредување се обидува да се протне
додека во главата ми се паралелно вкусот на кроасаните
на плоштадот Жан Жорес, шарените купчиња мали
преплатени чевли расфрлени по подот
и страсниот стисок на мишката под маската
на грижа и пријателство Потоа растечка болка
како кога тркалцето на рерната го вртиш незабележливо
сè повеќе надесно и така додека не опишеш цел круг
Во слепоочниците там-там, там-там, там-там
татне како на наивен жолтоклунец кој во обред
на иницијација му докажува на племето дека е маж Расте
до пукање Овој грч и ова немање воздух
е само згусната форма на моите поранешни постоења
туркај некој вика туркај сега дај напон Состави го сето
тоа во себе во форма на минијатурен живот
грчеви на тешки окови долги како недогорен пораз
туркај уште малку
уште
уште
уште

Сега
слушаш ли сега

Честитаме
родивте песна

Останува уште само
заедно
со постелката
да го исфрлите и насловот

Превод од црногорски: Сашо Огненовски

АвторСветлана Калезиќ-Радоњиќ
2026-11-02T20:00:13+00:00 октомври 31st, 2026|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 159|