ТАЈНАТА И МЕЛАНХОЛИЈАТА НА УЛИЦАТА[1]
Пустиот плоштад
со аркади што се смалуваат
во бескрај
студената ноќна светлина
на полната
месечина
празна кола за селење
и девојче со обрач
Нешто е
Нешто е на оваа слика
Нешто е на оваа слика несоодветно
Можеби Толкувањето
Превод од црногорски: Славе Ѓорѓо Димоски