МАЛ ПОГРЕБ НА ГЛАВАТА
Измислувам свет,
второ издание,
второ дополнето издание,
за идиотите – за смеа,
за меланхолиците – за плачење,
за ќелавите – за чешел,
за кучињата – за чизми.
В. Шимборска
Парчиња јазик
оставам зад себе
треба подоцна да се најде патот
од маѓепсаната шума
Во сон потоната
брзам
да се закотвам во стварноста
па пустите пространства на мртвите води
да ги осветлам
како гром бродска палуба
со минлив блесок на убавината
однапред избезумена
Дотогаш
ја џвакам зелената сегашност
и ја меткам низ устата
како грозд
на кој уште не му е време
Си играм пишување
Превод од црногорски: Славе Ѓорѓо Димоски