Го боли земјата…
…додека гледа во оној што сега набљудува околу себе во совршенството создадено од него.
Зошто го мразиш тоа што треба да те восхитува?
Тоа го праша додека ѕверот со рогат шлем гледа кон прекрасната градина, нејзините совршени бои, рајот затворен од реките на животната песна која тече низ телото на таа жива планета. Не одговара веднаш. На почетокот само зјапа во таа градина. Сега, кога гледа како тој влегува среде рајот, го боли и градината.
Ти реков… уште едно твое совршенство што го чека мојот допир…
Го боли неговиот допир, неговиот злобен смртоносен допир.
Те чувствувам… твојата љубов е секаде околу мене… кажи ми, што си создал сега?
Не сака да му одговори. Не, под крошната на рајското дрво со златни плодови. Само го гледа како се приближува кон дрвото каде што стои… едно од неговите совршенства, неговата рожба… прекрасната гола жена која безумникот сака да ја убие… неа, нејзината душа.
Го боли Ева, го боли и оној што го создаде пред неа.
Морам да ти признам… никогаш не сум видел ништо поубаво…
Проклет да си!
Чувствува како чудовиштето со рогови кое толку силно го боли, полека го менува својот страшен изглед претворајќи се во…
Сум слушнал дека Бог не ви дозволува да јадете од овие плодови!
Ѝ прозборе на жената која збунето се врти барајќи го сопственикот на чудниот глас. Го наоѓа, долу во тревата, под нејзините боси стапала дури се влече кон неа.
Сега ти кажи ù…
Ме болиш…
…бидејќи јас сум оној што го носи крајот…
…ти си…
…крајот на сите твои започнати приказни…
…оној ме боли, затоа што и ти си моја приказна…
Ти реков… тоа што не ми дозволуваш да го владеам, јас ќе го уништам…
Тие ќе те победат со својата љубов…
Ќе видиме… татко…