Поезија: Тихомир Јанчовски (песни од стихозбирката „Пеколот е мало место“, 2025, Макавеј)

/, Литература, Блесок бр. 158/Поезија: Тихомир Јанчовски (песни од стихозбирката „Пеколот е мало место“, 2025, Макавеј)

Поезија: Тихомир Јанчовски (песни од стихозбирката „Пеколот е мало место“, 2025, Макавеј)

Памтење
Оглас
Љубовта не старее
Одлука
Последниот ден на зимата
Ова не е поезија
Добро е да си добар
Претпоследни времиња
Прочистување
Мир
Пеколот е мало место


Прочистување

 

За да сфати некои нешта,
човек треба да остане сам со себе
и темелно да си ја исчисти душата.
Кој се плаши од самотијата, само
трупа нечистотии и напластува болести.
За да се излекува, човек треба
да остане сам и да гладува.
Како што прават кучињата.
Ама човек треба да гладува
и од лоши мисли
и од наоѓање вина во другите,
а кучето не.

АвторТихомир Јанчовски
2026-04-14T15:26:42+00:00 април 13th, 2026|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 158|