Претпоследни времиња
Ова може, а и не мора
Да се последните времиња
Со гласови за војни, глад и болести
Со ужас и пропаст зад аголот
Зависи колкумина останале
Со љубов во себе
Да ги носат гревовите на ближните
Зашто тие се човештвото
И нивни е пеколот
И Царството Небесно