Ова не е поезија
Жерави во лет
Од цвет на цвет
Златни кочии
Небото шепоти
И после во Македонија
Не читале поезија?
Е, не, ќе читаат!?
Не оди. Или тие
Или поетите
Се глупави.
Некој мора да е.
Направив сѐ што можев
Зборот да допре до луѓето
И со свои
И со преводи
На туѓи зборови
Сега сум мирен
Мојот долг е поништен
Овој јазик ќе го снема
Само кога ќе го снема
Народот што го зборува