Поезија: Тихомир Јанчовски (песни од стихозбирката „Пеколот е мало место“, 2025, Макавеј)

/, Литература, Блесок бр. 158/Поезија: Тихомир Јанчовски (песни од стихозбирката „Пеколот е мало место“, 2025, Макавеј)

Поезија: Тихомир Јанчовски (песни од стихозбирката „Пеколот е мало место“, 2025, Макавеј)

Памтење
Оглас
Љубовта не старее
Одлука
Последниот ден на зимата
Ова не е поезија
Добро е да си добар
Претпоследни времиња
Прочистување
Мир
Пеколот е мало место


Љубовта не старее

 

Еден пријател, сега веќе не
ми кажа еднаш, дека
сретнал човек, од Белгија
во воз, човек пристар
патувал кај нас, Битола,
да види некоја,
од младоста.
Ја сакал пред 30 години.
Одамна.
И сега? – прашал пријателот.
Дете, му рекол човекот,
Ти не знаеш
Љубовта не старее!
Мојот некогашен пријател
тогаш бил млад, и не знаел.
Сега знае.
Некогаш се будиме со тага
што не може да се објасни.

АвторТихомир Јанчовски
2026-04-14T15:26:42+00:00 април 13th, 2026|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 158|