Поезија: Тихомир Јанчовски (песни од стихозбирката „Пеколот е мало место“, 2025, Макавеј)

/, Литература, Блесок бр. 158/Поезија: Тихомир Јанчовски (песни од стихозбирката „Пеколот е мало место“, 2025, Макавеј)

Поезија: Тихомир Јанчовски (песни од стихозбирката „Пеколот е мало место“, 2025, Макавеј)

Памтење
Оглас
Љубовта не старее
Одлука
Последниот ден на зимата
Ова не е поезија
Добро е да си добар
Претпоследни времиња
Прочистување
Мир
Пеколот е мало место


Пеколот е мало место

 

Сварив кафе за мене и за смртта
и ја чекав да дојде, ама не дојде
ѝ фуфка, оти е смрт македонска
и се плаши што ќе речат другите
ако таа, жена, дојде на гости
кај маж, самец, на кафе.
Мори краво низаедна,
да сакав да те легнам,
ќе ти кажев в лице
немаше да те канам на кафе.
Така да знаеш,
сега си легнувам
и очи да не ти видам
ни утре ни никогаш.
Решив да сум бесмртен
И што ми можеш?

АвторТихомир Јанчовски
2026-04-14T15:26:42+00:00 април 13th, 2026|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 158|