Поезија: Тихомир Јанчовски (песни од стихозбирката „Пеколот е мало место“, 2025, Макавеј)

/, Литература, Блесок бр. 158/Поезија: Тихомир Јанчовски (песни од стихозбирката „Пеколот е мало место“, 2025, Макавеј)

Поезија: Тихомир Јанчовски (песни од стихозбирката „Пеколот е мало место“, 2025, Макавеј)

Памтење
Оглас
Љубовта не старее
Одлука
Последниот ден на зимата
Ова не е поезија
Добро е да си добар
Претпоследни времиња
Прочистување
Мир
Пеколот е мало место


Памтење

 

Не помнам градови, згради, куќи и улици…
веќе ни имиња и лица како порано
не се сеќавам на повеќе
од половина од својот долг живот
Имам речиси 57 години (како цигарите, 57)
и некогаш се чувствувам уште млад.
Сакам да носам зелено.
Ги памтам сите реки што сум ги видел,
било еднаш, двапати или многупати.
Вардар, Сава, Днепар, Треска, Брегалница,
Црна Река, Драгор, Дунав, Уна, Неретва, Дрина, Црн Дрим, Босна, Пчиња, Лепенец, Купа, Тара, Тиса, Серава, Брегава, Радика, Лањарка…
Нил, Јордан и Амазон не сум ги видел
со свои очи, само на слика…
Но има една река, што ја гледам на сон
и ја знам многу поарно од овие
што сум ги гледал и ги гледам во животов.
Таа е долга и светла, пречиста и проѕирна
со бели води, сета жива и преубава
и во неа, под површината има град
со ѕидини од провидно стакло
со кули и мостови од сребрен камен
и со простории без врати и прозорци
Тоа се мојата река и мојот град
и само таму никогаш не сум сам

АвторТихомир Јанчовски
2026-04-14T15:26:42+00:00 април 13th, 2026|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 158|