9:55, 5 МИНУТИ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ
Егзекуторот ја симна маската.
Осуденикот ја симна вреќата од глава.
Обајцата имаа идентични лица.
Тогаш едниот му рече на другиот:
Ова е чудно, но
не менува ништо.
Дури не е ни важно.
Прашањето сега е
како да ги убиеме
вечните пет минути.