ПОНЕКОГАШ ПОВТОРНО ЗАЕДНО
Во себе носам денови
со мебел што веќе не постои
и светлина што одамна
ја одминала земјата.
Таму ручам со блиските,
ѝ го подавам на мајка ми соларникот, не сол,
сакав црн бибер, ти благодарам,
многу си ми сипала, да вратам малку,
нема потреба, во ред е, татко, кога си заминуваш,
не брзај, да ја причекаме баба ти, кога
си заминуваш, прв ли ќе заминеш?
Тие се спокојни, прават
едноставни движења.
Танцуваат веќе истанцуван танц,
одново и одново.
И јас сум таму, и јас танцувам.
И јас, и јас.
Не заборавајте ме.