ЦРВЕНКАПА И ВОЛКОТ
А откако го изедоа месото на бабата и ѝ ја испија крвта:
– Каде да си ја ставам престилката?
– Фрли ја во огнот, нема да ти треба повеќе.
– Каде да си ја ставам блузата?
– Фрли ја во огнот, нема да ти треба повеќе.
– Каде да си го ставам здолништето?
– Фрли го во огнот, нема да ти треба повеќе.
Каде да си ја ставам кожата?
Каде да си ги ставам мускулите?
Каде да си ги ставам органите?
Ме љубиш ли сега?
– Тргни ми се.
Љуби ме. Љуби ме.
Јас нема да те напуштам.