ВЕРА
Стефан од соседството
верува во Бетмен.
Верува и во Баба Рога,
во Дедо Мраз, во самовилите,
во вонземјани, во Дракула,
во седумте џуџиња и
Снежана.
Навечер тој се моли:
„Те молам, Бетмен,
убиј ја Баба Рога
која ме издаде на Дедо Мраз
дека ги мразам самовилите,
кои не ми помогнаа
кога го сонував Дракула,
кој е вонземјанин
и се претвора во џуџе,
за да ја грабне Снежана.
Те молам, Снежано,
пази се од Дракула,
но пред сè,
не заљубувај се во Бетмен.
Бетмен е чист убиец, јас ти велам“.
Превод од бугарски на македонски: Маја Лазаревска
Англиските преводи ги обезбеди самата авторка.