ПОФАЛБА НА ПОРОЦИТЕ
Пороци – имаше многу:
Читаше најразлични книги –
и поезија и проза и есеи.
Згора на тоа пишуваше и песни.
Гадни пороци се тоа:
особено во време на
пандемија и на војни
кога сите гледаат серијали,
и следат слатко-горчливи вести
на социјалните мрежи
за славни и за влијателни личности,
за политичари и за нивните партии.