ПОФАЛБА НА ПУШЕЊЕТО
Тајното друштво на пушачите,
Кога е зимска доба,
Постојано бара исти места за средби:
Тротоарите пред излозите,
Балконите на зградите,
Коридорите пред влезовите.
Најмногу се почитува топлината
На греалките во кафанските
Најлонски аквариуми.
Најубави риби таму пливаат
И најсрдечни разговори
Постојано лежерно се водат.
Како дамнешен страстен пушач
Со реторичка почит им се обраќа:
– Ви завидувам на дружбата!
Така е полесно:
И за нив,
И за него.