ИГРИ СО ИМЕТО
Се уште сметките за струја,
како и за сите други комуналии,
доаѓаат на име на татко му Марин.
Мина една деценија од неговата смрт
а тој не се решава да ги направи
нужните административни измени.
Си мисли:
не сум млад,
а и син ми се вика Мартин.
Зарем за една буква да се мачи
и да минува низ тешки
административни процедури?