СЕВЕР-СЕВЕРОЗАПАД
Станавме совршен
Храбар и нов свет:
Веќе сме на запад
(Западен Балкан)
и на Север
(Северна Македонија).
И стварноста во полисот
како да наликува на филм:
Скопје-Запад
(со широко развиена демократија)
и Скопје-Север
(со силно развиена економија)