Поезија: Иван Џепароски

/, Литература, Блесок бр. 158/Поезија: Иван Џепароски

Поезија: Иван Џепароски

АПОЛОГИЈА
ПАТОТ ДО ПЕСНАТА
ДИЈАЛОГ ЗА ЗАГАДЕНОСТА
ДИЈАЛОГ ВО ПАНДЕМИСКА ДОБА
ИГРА НА СЕНКАТА
ИГРИ СО ИМЕТО
ПОФАЛБА НА ПУШЕЊЕТО
ПОФАЛБА НА МАНИТЕ
ПОФАЛБА НА ПОРОЦИТЕ
СЕВЕР-СЕВЕРОЗАПАД


(Од стихозбирката „Посвети и пофалби“, Дијалог, 2024, добитник на наградата „Ацо Шопов“ за 2024)

 

АПОЛОГИЈА

                на Георги Старделов

 

Да се исцрта правописот
на исправениот од,
да се изостават дреболиите
и да се размислува во епохи,
да се воведува во иднината
со мирски увид во минатото,
да се толкуваат поетските соѕвездија
и антејски да се допира земјата,
да се живее добата на противречности
и да се држат блескави беседи за другите,
да се брани светот од некадарници,
и налик на некој ноќен градинар
да се копа по страниците на создаденото
за да се варди вистината на запишаното.

Но веќе е време да се оди,  а зошто и каде –
тоа никој не го знае, никој освен Бог.  

АвторИван Џепароски
2026-04-14T15:26:48+00:00 април 13th, 2026|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 158|