Во ударот на громот
Јас и дождот стануваме едно
Плодови на болката
распнат како трн –
во светлина и болки
молчешкум тлеам
2:35
убав, ко мртов
господ – светлина блика
од моите сни
2:38
сонувам суви
дланки – сонувам како
цутат зборови
2:40
имам музика
во гаќите – кабелот
од мобилниот
2:43
молчам, темен сум
поетска машина сум –
огнено тело
2:46
Црн превез паднал
врз камена тврдина –
мразна е ноќта
16.08.07
Не преведувам –
затворени очи пред
отсутен говор
23.08.07
Пред мене лаптоп –
зад лаптопот, морето
пее хаику.
26.08.07
Шуми морето –
водата чувствува и
помни. Вечности.
29.08.07
Барселона, 06.05.07
Галепски сенки
ги галат катарките –
мај, Барселона
*
Ти си мојата
поезија. Седам на
пристаништето.
*
Во Милано на
аеродромот пушат
само во веце.
на Јовица
*
На ридот куќа –
низ неа свири ветрот.
Долга е ноќта.
07.05.07
Деца на излет –
за гулабите гозба:
трошки и смеа…
08.05.07
Малку хаику
да се почне денот, и
можеби песна.
*
Софтвер и накит
испомешани меко
бајти и бои
*
Длабам низ себе:
смеам ли да кажам сè?
Те повредувам?
09.05.07
Моето тело –
совршена машина:
поетско славје.