17 II ’89
Еве ме пак. „Академија“ конечно почна со работа. Добивам некоја ситна пара, но затоа пијам пиво колку сакам. Е сега… проблемот е што само Шиптари доаѓаат, но сега за сега не ми прават проблеми.
Неколку денови од кога ти отиде назад, кај мене дојде клинката што ти ја спомнав кога пиевме пиво во МНТ. Воопшто не ми се правеше ќефот; бев нерасонет (малата е идиот – ми дојде дома во 12), а патем читав нешто. Miller, мислам. Детето почна толку да додева што на крајот ја превртив. Испадна никакво. Знаев дека е клинка и дека е поглупа од безглава кокошка, но не знаев дека не знае да се шиба. Кога ѝ влегов почна да се прпелка и да бега како да ќе ја колам! Потоа продолжив да читам. Таа е навистина талентирана дрдорка! Ме извади од такт, од кожа итн. Се зазјапав во неа како да е последен диносаурус, а таа ме праша што мислам! Идиот!! „Мислам дека си досадна!“ Ме погледна, бесно ја изгасна цигарата и подвикна: „Па добро! Ќе си одам…“. Сине, мислев дека ќе запеам од радост! Иако се почувствував одвратно валкано.
Истата вечер дојде во „Академија“! Таа е мајстор за миење чаши! После се обидов да му ја потфрлам на Милев, но тој не успеал да ја смота. Трагедија! 110%! Во петокот (10 о.м.) отидов во Менада. Беше хаос! Баш почнував да продолжувам со пиењето кога, го гледам детето доаѓа. Се смее околу глава, исфрла меки (одвратно меки) цицки од неверојатни 120 цм итн. Смрт. А тогаш видов едно пиздуле со четиринаесеткаратна насмевка. Ме вика да одам кај неа. Пијана е и јас сум завидлив што сум трезен. Ја носам на маса. Фолира до Луцифер и назад; Ме гледа веќе два-три месеци (будала!!!), јас сум ладен тип, изгледам супер, не ебам никој и сл. Се ражвалавивме ко луди, ѝ протнав рака под кошулата и малку недостасуваше да ја качам на масата и да ја ебам до смрт. Завршивме во Г.-от парк (времето овде е интересно топло); јас, таа и нејзиното запаление на јајници (мижи Асан да ти баам, ха!). Дрдоревме како луди до четири и пол. Ја испратив до дома (патем некои лудаци во пет наутро сакаа да ни продадат книги на улица. Штета што немав пари, имаа добри книги) и конечно отидов да спијам. Следниот ден не ја видов, но затоа со Џовани (работи со мене) испивме литар Балтик, а бидејќи пиење без јадење не оди, испивме и неколку пива. Беше лудо! (Другиот ден ми кажаа дека сум сакал да тепам некои 3-4 кретени, но тоа сега нема врска.)
Мирјана (четиринаесет к.) дојде кај мене во понеделникот наутро. Дојде и вечерта на работа. Пиевме вино и пак завршивме во ГП. Овој пат немаше запаление, хе, хе, хе! Бевме на Љунфер Брдо и додека таа стенкаше јас се сетив на оние денови кога таму одевме пијани, полни со тутун и без девојки. Сега бев трезен и без цигари. Штета! А да знаеш дека Мирјана е луда. Кога по којзнае кој пат сврши, почна да мрмори: „Леле, да ме види мајка ми!“. Ѝ се насмеав в лице. Беше многу забавно! Потоа ѝ реков дека и мајка ѝ ќе дојде на ред ако сака. Ми рече дека сум ѓубре и фино ме избакна. Баш се луди овие пички. Да не ти опишувам како си поминавме во вторникот наутро. Вечерта пиевме вино во МНТ и се ебевме во вц. Сега не ми беше толку тесно како со Лина или со Лела, зашто Мира е пониска од мене. Да го чита ова некој што не ме познава, ќе ме прогласи за манијак. Но ти ме знаеш. Сеедно ми е каде сум, важно е да е рибата добра. Почнав да водам „оргазам скор“ и Мира убедливо води. Но, ќе ја стигнам, ха, ха! Баш сум гад некогаш. Само што излеговме од „палатата на задволствата“ таа почна да цимоли. Таа ме сакала, јас не сум ја сакал и сл. Кулминацијата беше претставена во поток солзи, сред МНТ! Мира е родена глумица или е родена будала!