Тестамент
Чевлите ви ги оставам во наследство,
Можете да одите по патеките низ кои одев јас,
Ако ви се тесни,
Сте ги обуле оние со кои над вода одев јас!
Во картонска кутија
Ќе најдете и неколку џебни марами,
Со сите бои од виножито,
Или амстердамските фасади,
Не барајте црни,
не ги сакав погребните поворки!
Ако решите да се сретнете со поезијата
Свилена, ќе ви врши работа!
Ви оставам и една библиотека,
На снобовите нема да им врши работа,
Сите книги се искинати, излитени,
Па, ниту децата не оставајте ги да пристапат,
Ми недостасува таа полица, и мене ми ја украдоа!
Кога гледам подробно,
Можам многу работи да ви оставам во наследство,
Сега оставете ме да ги земам со себе,
Соништата и љубовта како два камена во жолчката!