Поезија – Лулзим Хазири

/, Литература, Блесок бр. 156/Поезија – Лулзим Хазири

Поезија – Лулзим Хазири


Треба да ја направиме оваа земја

Остаревме како деца на транзицијата

Без ниту еден ден работен стаж

Работи ти колку малку да закрепнеме

Треба да ја направиме оваа земја

На почеток на патот сме

Колку да купиме еден мерцедес

Да отвориме телевизија

Еден весник, фабрика или република

Ти си здрав

Не ти треба стаж и книшка

Господ да ти ги чува децата

Сѐ почнавме со волја

Со понекоја издадена книга в џеб

Во градот на транзицијата

Кој поезијата ја знаеше

Од Читанка за VIII одделение

Треба да ја направиме оваа земја

И почнаа да пишуваат

Поезија, читанки и мемоари

Со партиски книшки, книшки во џебот

Не им беше тешко

Зад нив стоеја министерства и спонзори со зорт

Мака мачеа да најдат парче леб

Да го проголтаат срамот

Дека треба да ја направиме оваа земја

И течат зборовите без точка и запирка

Ракоплескаа

Паметот, Америка

Зборуваа јазик без синтакса

Полуписмените со PhD во сивито

Остаревме како деца на транзицијата

Како такви нѐ замислуваат

Од нашите идеали

Што ни ги позајмија

Создадоа лична финансиска кауза

Треба да ја направиме оваа земја

Остаревме како деца на транзицијата

Во салони каде што се пие руски чај

Се зборува со огнен јазик

Пред националното знаме

Кое ни го нишаат како на бик во арена

А самите станаа неофеудалци, Турци, Грци и не знам што

Нè оставија да ја браниме ова земја

Како дете што има само една играчка.

АвторЛулзим Хазири
2025-06-14T07:56:20+00:00 јуни 6th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 156|