Светулка во житни полиња
Ти не си како денот
Ти си самата ноќ
Црна
Скриена
Примамлива со твојата светлина
Како светулка во житни полиња
„Неа ја сакам“, велиш
А јас
Ништо не пропуштам
Јас сум ловец во житни полиња
Ја фаќам
Ја плакнам на грбот
Со плунка
Ти ја лепам на челото
Повеќе ти сјаат очите
Отколку радоста
Ти ја земаш лесно
Како да фаќаш магија
Ја пушташ да лета
И занесено ми повторуваш
„Ја сакам онаа таму…“
Повторно ме фаќаш за рака
Ме влечеш
Не се чувствуваш сигурна каде газиш
Ноќта со светулки нѐ примамува