Tаа спие
Ми ја спушта раката кон половината
Како што тече реката кон морето
Заморно дреме
А воедно сонува за она што го нема
Еден цел свет без страни
Раката ми останала да виси како гранка
Пепелта од цигарата ми паѓа на тепихот
Сите нешта ги запрев за миг
Не сакам како пепел да ми клапне оваа магија
Пораките од поспаното срце ми ги праќа
Само роморот на крвта нејзина
Што тече низ моите вени
Таа веќе спие
Зборовите ѝ добиле облик
На мазен камен
Камен кој со слободен пад
Низ бездната на мојата душа
Во ништо не допира
Зборовите ѝ замолчеле
Како филдишен чешел по долгите коси
Ќе одморам уште малку
Во длабочината на нејзината душа