Tаа нe може да заспие
Во поларните ноќи
Анксиозно чекајќи
Без зора и самрак
Таа не може да заспие
Небаре претворена е
Во блескава аурора
Над расфрлените надежи
По собата
Како превртена чанта кога клучеви бараш
Над недопирливите спомени
Се чувствува летна ноќ
Дремлива од гласот на штурците
Го крие сонот на заборавот
Како светулка на дланка
Без да сфати
Како ја дофати и каде му одлета
Сонот ѝ одлета од очните капаци
Како шарена птица
Од златен кафез
Останала опкружена
Со тие светла
Од дотраени
Желби
Како абажур
Кога ноќта
Е отаде нејзините ѕидови
Нема веќе ниту почеток
Ниту крај…
…и за чудо
Не се жали
Ниту глас ѝ се слуша
…не може да заспие!