Поезија – Линдита Ахмети

/, Литература, Блесок бр. 155/Поезија – Линдита Ахмети

Поезија – Линдита Ахмети

Празнина
Долга зима
Жолтило и молк
Споредувајте ме со птицата со скршени крилја
Црно чекање
Сива сторија
Роденден пред барикада
Каде си
Нимфа


Нимфа

 

нимфа ѝ се приближува

на отворената врата на храмот

покрај илјадници извори насолзена

пишува на големиот лист на лопувот

 

корените на дабовите

почнале да гнијат

камењата на камењарникот

ги има покриено густ мов

околу нив нема цвеќиња

iris illyrica

 

патеката ја покриле трње

покрај неа расфрлани распукани калинки

сѐ до шумичката со брези

од под земја се слуша страотно

стенкање

 

гледа нимфата околу

планинските села спијат

нема надеж за испружената рака

 

не ги буди нив

ниту хорот на исплашените славеи

ниту гласот на мечињата што очекуваат помош

ниту зуењето на ројот пчели

ниту преплашената лисица што бега

од ударите на секирата до нејзиното дувло

ниту болниот плач на евридика

од темнината на адот

ниту песните на митруш кутели

што ги чита сенката на мртвиот поет

 

и нимфата крева раце

станува и ја пее жалната песна за авди

и се чувствува како детронирана кралица

до брезата која паѓа

 

потоа порој се приближува

што ли ќе се збидне

со тоа подземно стенкање

 

некои знаци упатуваат

дека акцентот паѓа врз хермес

 

(песни од последната книга на Линдита Ахмети на македонски јазик, Акцентот паѓа врз Хермес, Макавеј, 2020 г.)

превод од албански: Џабир Ахмети

АвторЛиндита Ахмети
2025-02-11T19:04:30+00:00 февруари 8th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 155|