Поезија – Линдита Ахмети

/, Литература, Блесок бр. 155/Поезија – Линдита Ахмети

Поезија – Линдита Ахмети

Празнина
Долга зима
Жолтило и молк
Споредувајте ме со птицата со скршени крилја
Црно чекање
Сива сторија
Роденден пред барикада
Каде си
Нимфа


Каде си

 

со мака се приближувам до присојот

каде ја чувам книгата со стихови за цвеќињата

iris illyrica

за разиграниот ерос

и за тебе што те нема да дојдеш

 

венецот на афродита и нејзиниот појас

и илјадници запалени зборови

ги држам горе

да биде весела ноќта

ако дојдеш

 

се качувам горе по ридот

низ камења и отровни инсекти

со надеж дека ќе те најдам на присојот

 

ме гуши стравот

од тој ѓаволест

ерос

што ме прогонува

од нозете крв ми тече

од трњата на дивите рози

но застанувам

да ти ја донесам пролетта

од брегот на кипар

 

а ти од облакот

каде што седиш

ме гледаш индиферентно

со двоглед

АвторЛиндита Ахмети
2025-02-11T19:04:30+00:00 февруари 8th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 155|